Ф. Лазаров: Ако игравме со Јапонија во трето коло, ќе беше многу потешко

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата зацртана цел и со победа ги започна настапите на Светското првенство во Германија и Данска

Нашите момци не дозволија изненадување и забележаа сигурна победа над Јапонија од 28-39, а и покрај деветте гола разлика Филип Лазаров смета дека патот до овој успех не беше лесен. 

„Наша предност беше што на првиот натпревар игравме против вака незгодна и непозната екипа за нас и имавме доволно време да се подготвиме. Сигурен сум дека доколку против Јапонија игравме во третото коло, ќе ни беше многу потешко. Иако победивме со девет гола, не беше ова лесен натпревар за нас, Јапонците беа незгодни, но на крај одигравме одлично и заслужено победивме“, рече Филип. 

Следен противник на Македонија е селекцијата на Бахреин, против која ќе се сретнеме за два дена, исто така во арената „Олимпија Хале“ (14:00 часот). 

Македонија се наоѓа на чекор да го повтори стартот од две победи како во Шпанија и Катар.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0