• Мартин Танасковски
Македонскиот Куп-освојувач Алкалоид го очекува полуфинале против Рунар Сандефјорд од Норвешка во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ, а овој дуел за разлика од останатите ќе има ТВ-пренос.
Дуелот меѓу Алкалоид и Рунар кој ќе се игра во „Автокоманда“ во недела од 19:00 часот, ќе се емитува во живо на каналите на Македонската Радио Телевизија.
Алкалоид нема пораз во Европа, а на патот до полуфиналето во двомеч ги елиминира Драгунас Клаипедас од Литванија, Вест Виен од Австрија, Бриксен од Италија и Баја Маре од Романија.
Победникот од овој двомеч, во финалето на Европскиот Куп ќе игра со босански Извиѓач или грчки АЕК Атина.