• Саше Љолес

Швајцарскиот репрезентативец, Никола Портнер, останува во екипата на Магдебург и ќе настапува за германскиот гигант до 2027 година, јавуваат регионалните медиуми.
29-годишниот голман минатата сезона се закити со европската титула, а и оваа година ја започна на феноменален начин, со вкупно 49 одбрани во првите четири натпревари. Новата соработка би требало да биде официјализирана наскоро, а и самиот Портер го изрази своето задоволство.
„Многу сум горд што ќе бидам дел од Магдебург уште неколку сезони. Моето семејство е пресреќно овде, а и јас мислам дека ја пронајдов својата втора фамилија. Ова е голем клуб и честа да се игра во овој дрес е огромна.
Новиот договор беше конкретизиран уште пред ланскиот “фајнал-фор“ турнир во Келн, но почекавме да мине летниот период за да ги договориме сите детали. Одиме по нови успеси“, изјави швајцарскиот голман.
Никола Портнер кариерата ја започна во Граухолц, а потоа настапуваше уште за Берн, Кадетен Шафхаузен, Монпеље и Шамбери. Во Магдебург пристина пред почетокот на минатата сезона и се прикажа во одлично светло.