• Мартин Танасковски

Познати се сите учесници на завршниот Ф4-турнир во ракомет кој ќе се игра во Келн во рамки на Лигата на шампионите. Последниот учесник е Барселона, која повторно беше подобра од ГОГ Гудме (36-31) и им се приклучи на ПСЖ, Киелце и Магдебург.
Сите четири учесници на Ф4 ќе бидат од различни земји. Најтрофејна е токму Барселона, која важи за европски рекордер со 11 освоени титули низ историјата, а вкупно 24 пати меѓу најдобрите четири во Европа.
Очекувано, ГОГ Гудме беше лесен плен и во Шпанија, дилемите се решија по првиот дел по кој беше 20-13 за фаворитот и така Барселона ќе ја напаѓа третата титула во низа во „Ланксес Арена“ во Келн. Во претходните две изданија шпанскиот гигант ги победи Алборг и Киелце во финалињата.
Фраде имаше седум гола кај победникот, пред Ричардсон со четири, а Фабрегас стрела три пати. Кај ГОГ Гудме, Вернсдорф имаше пет, а Јакобсен, Јоргенсен, Линг, Олсен... дадоа по три.
Ждрепката за завршниот турнир ќе биде закажана наскоро, а натпреварите се играат на 17 и 18 јуни.