Европскиот првак со лекција за „панцерите“, Франција си поигра со Холандија

Македа

Европскиот првак Шпанија одигра фантастичен меч и ја доби средбата против Германија (23-29), која се соочи со големи проблеми со коронавирус во пресрет на овој натпревар.

Ракометарите на Жорди Рибера направија чекор напред кон полуфиналната фаза. Во првиот дел обезбедија два гола позитива, најмногу благодарание на расположениот Гонзало Перез де Варгас. Шпанскиот голман беше на висината на задачата, а продолжи во идентично темпо и во вториот дел.

  • Германија - Шпанија 23-29:

Шпанците започнаа да се одлепуваат во раната фаза од второто полувреме.Предноста во еден момент изнесуваше 14-22, што беше најава за победникот на овој меч. Една серија од речиси петнаесет минути без примен погодок беше одлучувачка за победата бранителот на европскиот трон. Македа постигна шест, а Соле помогна со пет погодоци за Шпанија, а кај Германците се истакнаа Гоља и Зикер со по четири реализации.

  • Франција - Холандија 34-24:

Франција покажа класа и спречи ново изненадување на разиграната Холандија (34-24). Искусните француски репрезентативци покажаа зошто се фаворити за освојување на медал и на овој шампионат. Тие одиграа на високо ниво кога беше најпотребно и го спречија брзиот напад на противникот. Мине одигра симултанка и заврши со осум гола, а Смитс со четири гола беше најефикасен кај Холанѓаните.