• Мартин Танасковски

Европскиот ракометен првак Магдебург успеа да победи по три кола во Лигата на шампионите. Бундеслигашот дома го доби словенечки Целје (39-23) и го впиша првенецот во новата сезона од елитното друштво.
Тимот кој направи изненадување во ланската сезона лошо ја стартува оваа. Сепак, третото коло донесе можност за поправен и првенец во елитното друштво. Разликата меѓу германскиот тим и словенечкиот шампион беше јасна уште на полувремето кога резултатот гласеше 20-13.
Магнусон со осум гола беше предводник кај Магдебург, Муше имаше седум, а Петерсон стрела шест пати, додека кај „пиварите“ кои играа со скратен ростер, а воедно остана и без Жабиќ поради црвен картон, се истакнаа Иванковиќ, Качичник и Периќ со по четири реализации.
Магдебург во следната рунда на Лигата на шампионите игра со Висла како гостин, додека Целје кој е без бодови оди на мегдан со Монпелје.