Европскиот првак „го заклучува“ голот со двајца Хрвати

Она што се шпекулираше изминатите месеци, доби и официјална потврда. Германскиот бундеслигаш Магдебург од јуни ќе има хрватски тандем на голот, Матеј Мандиќ – Доминик Кузмановиќ.

Мандиќ минатата есен се пресели од Загреб во источна Германија, а од наредната сезона ќе му се приклучи репрезентативниот соиграч и негов врсник (двајцата се родени 2002 година).

Магдебург го потврди доаѓањето на Кузмановиќ, за кого е платено обештетување на Гумерсбах, бидејќи имаше уште две години од договорот со тимот од околината на Келн. Се шпекулира за сума меѓу 400.000 и 500.000 евра.

Со овој потег, Магдебург практично ја обезбеди голманската позиција на подолг период. Кузмановиќ минатата сезона имаше 285 одбрани на 34 натпревари за Гумерсбах, со процент на успешност од 30,29%. Неодамна тој освои бронзен медал со хрватската репрезентација на Европското првенство, играјќи заедно со Мандиќ.

Во летниот преоден рок редовите на германскиот шампион ќе ги напушти одличниот шпански голман Сергеј Ернандез, кој се сели во Барселона, додека Никола Портнер ќе премине во ПИК Сегед

Да потсетеме, дека третиот најдобар хрватски голман, кој исто така беше дел од последното ЕП, од јуни се сели во редовите на македонскиот суперлигаш Охрид.