Европската „мисија“ на Еурофарм завршува со Татабања

Екипата на Татабања е последниот предизвик на Еурофарм Работник во своето премиерно издание во групната фаза на ЕХФ Купот, второ по ранг ракометно натпреварување во Европа. 

Македонскиот тим оваа сезона испиша историја и преку Берн во квалификациите си обезбеди уште шест европски натпревари, по кои клубот направи еден голем чекор кон остварување на своите амбиции. 

Можеби Хановер, Нексе и Татабања се на едно повисоко ниво за разлика од битолчани, но стекнатото искуство на избраниците на Алушовски е повеќе од драгоцено, а истото ќе треба да биде потпора за долгоочекуваниот плеј-оф во домашниот шампионат и борбата за таа втора позиција.

Во својот прв натпревар одигран во Битола, Татабања ги искористи сите слабости на домаќинот и извојува сигурна победа од 21-31. По тој меч, „фармацевтите“ добија нов стратег, во името на Стевче Алушовски, кој за многу краток период го одведе тимот до историја и прва победа во овој Куп, над хрватски Нексе. Несомнено, унгарскиот тим е фаворит на овој дуел, не само заради поголемото искуство, туку и заради домашниот терен на кој оваа сезона паднаа еден Веспрем или ПИК Сегед. 

Татабања веќе е пласирана во елиминационата фаза на ЕХФ Купот, и денешниот дуел ќе го игра без резултатски притисок, па можеби тука ќе биде шансата на Еурофарм да изненади и со победа да го затвори својот прв европски циклус во историјата. 

Натпреварот меѓу Татабања и Еурофарм Работник се игра во „Ауди Арена“ во Ѓер со почеток од 15:00 часот. 
 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2