• Саше Љолес
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди шеширите за жредпката по која ќе бидат познати групите во следното издание на Европската лига, каде нашата држава може да има два претставника.
Двократниот европски шампион, Вардар 1961 се најде во вториот шешир, заедно со екипите на Нексе, ФТЦ Грин Колект, Фрам, Островиа Виелкополски, Потаиса Турда, Гросист Слован и Татран Прешов.
Што се однесува до Алкалоид, доколку момчињата на Кирил Лазаров успеат да се надминат себеси и го елиминираат германскиот Хановер, тогаш ќе ја дочекаат ждрепката од третиот шешир.
Шешир 1:
Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска), Фленсбург (Германија), Мелсунген (Германија), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Фредериција (Данска)
Шешир 2:
Вардар 1961 (Македонија), Островија (Полска), Татран Прешов (Словачка), Слован Љубљана (Словенија), Нексе Нашице (Хрватска), Потаиса Турда (Романија), Фрам (Исланд), Ференцварош (Унгарија)
Шешир 3:
Хановер (Германија)/Алкалоид (Македонија), Тулуз (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Кил (Германија), Бенфика (Португалија), Скандерборг (Данска)/Мадеира (Португалија), Елверум (Норвешка)/Торелавега (Шпанија), Морс (Данска)/Сaнt Рафаел (Франција)
Шешир 4:
Горење Велење (Словенија)/Криенс Луцерн (Швајцарија), Бидасоа Ирун (Шпанија)/Брага (Португалија), Партизан (Србија)/Карвина (Чешка), Берн (Швајцарија)/Чаковец (Хрватска), Савехоф (Шведска)/Малме (Шведска), Дуго Село (Хрватска)/Сесвете (Хрватска), Баја Маре (Романија)/Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска)/Карлскрона (Шведска)
Ждрепката за групната фаза во Европската лига ќе се одржи на 18 јули со почеток во 11:00 часот.





