Европа ќе добие нов владетел: Познати сите учеснички на Ф4 во женската ЛШ

Познати се сите четири учесници на завршниот турнир во женската ракометна Лига на шампиони. Едно е сигурно, Европа ќе добие нов владетел бидејќи елиминиран во четвртфиналето беше тимот на Кристиансанд. 

„На црта“ на шампионките им застана гигантот Ѓер кој уште по првиот меч најави изненадување бидејќи славеше со седум разлика на гости. Реваншот во Унгарија заврши со победа на Кристиансанд од 24-26, меѓутоа во вкупен резултат Норвежанките заостанаа со пет гола и се елиминирани. 

  • Ѓер - Кристиансанд 24-26:

Ракометарките на Мец со убедлива домашна победа го потврдија местото на завршниот турнир, славејќи над ЧСМ Букурешс со 29-23. 

  • Мец - ЧСМ Букурешт 29-23:

Најтесен беше двомечот во кој Битигхајм го исфрли Оденсе, иако во вториот меч на гости загуби со 32-30. Првиот дуел му припадна на германскиот тим со четири разлика.

  • Оденсе - Битигхајм 32-30:

Есбјерг и вторпат го победи Ференцварош, овојпат со поубедливи 29-24 и по претходниот минимален триумф си го чекира билетот за завршниот турнир. 

  • Есбјерг - Ференцварош 29-24:

„Фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта ќе се одигра на први и втори јуни, а ждрепката е закажана за во вторник во 17:00 часот.