Европа им се поклони на вардарци: Дибиров е автор на НАЈ-ГОЛОТ на колото (ВИДЕО)

Се вратија насмевките и победата над Мотор, ги врати и вардаровите ѕвезди во врвот на европската ракометна мапа. Како и минатите сезони и на почетокот на тековната, ракометарите на Вардар и овој викенд се меѓу најдобрите во Европа. 

Тимур Дибиров е стрелец на најубавиот гол во 12. коло на Лигата на шампионите. Медиа тимот на ЕХФ го награди ремек-делото на Сташ Скубе и Тимур Дибиров, прогласувајќи го за најубав гол на колото.

Голот на Дибиров против Мотор Запорожје:

Иако имаше уште неколку прекрасни потези и голови, како оние на Сандер Сагосен и Микел Хансен кои се најдоа на второто и третото место на листата, вардаровиот тандем заврши на врвот.

ТОП 5 гола на 12. коло во Лигата на шампионите: 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4