ВИДЕО: Европа фаќа сеир, Вардар се бранеше со ОСУМ играчи и прими гол

Ракометарите на Вардар долго се надигруваа со гигантот Кил, ама во второто полувреме попуштија и запишаа домашен пораз во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во првиот дел со цврста одбрана и расположениот Томовски имаа и водство, но не издржаа под притисокот. 

Во еден момент, во 18. минута Веселин Вујовиќ и неговата клупа погрешија, па на теренот испратија играч повеќе. Вардар се постави во зона „шест-еден“, а тоа не го забележаа судиите и делегатот. Сепак, иако на теренот имаше човек повеќе, Дувњак со одлична асистенција го пронајде Пекелер кој реализираше. 

  • Убавата асистенција на Дувњак и голот на Пекелер: 

Сеир на сметка на Вардар удри норвешкиот стручњак Бент Дал, кој на својот Инстаграм профил го објави видеото од моментот и напиша: „Научете како да го „отворите“ новиот 6-1 систем за одбрана“, алудирајќи на фактот дека не постои таков систем поради човекот вишок за скопскиот тим.