Европа добива страшен дрим-тим кој тешко дека некој ќе може да го запре!

Фуксе Берлин испрати силна порака до целата ракометна јавност и јасно стави до знаење дека нема намера да застане на патот кон европскиот врв. Германскиот великан реализира две спектакуларни засилувања, со кои значително ја зацврстува својата позиција како еден од најмоќните клубови на Стариот континент.

По официјалната потврда на трансферот на Симон Питлик, раководството на клубот продолжи со уште поголем потег. Според информации од германските медиуми, Дика Мем го одржал дадениот збор и потпишал договор со Фуксе Берлин кој ќе важи до 2031 година. Француската суперѕвезда ќе се пресели во германската престолнина летото 2027 година, веднаш по истекот на неговиот актуелен договор со Барселона.

Но, тоа не е сè. Берлинскиот клуб обезбедил и врвна замена за српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев, доведувајќи го едно од најпознатите имиња на светската ракометна сцена Андреас Паличка. Искусниот шведски чувар на мрежата ќе му се приклучи на Фуксе следното лето, со договор на една сезона.

Со оваа трансфер-офанзива, Фуксе Берлин изгледа посилно од кога било. И тоа не само на теренот, туку и на организациско ниво. Клубот бележи континуиран раст, како во спортскиот сегмент, така и во инфраструктурата и финансиската стабилност. Голема улога во тоа имаат и стратешките партнери, меѓу кои „Адидас“ за кој се наведува дека дополнително вложил неколку милиони евра во соработката.

Доколку сè се одвива според планот, Фуксе Берлин ќе го има едно од најстрашните бековски триа во историјата на ракометот, тоа се Питлик, Гидсел и Мем, комбинација која на хартија делува речиси незапирливо и ветува спектакл за љубителите на спортот.