• Иван Димовски
Европската ракометна федерација - ЕХФ ги извлече групите за новата сезона во Лигата на шампионите со нов лик. Во елитата се врати двократниот европски првак Вардар 1961 кој ќе игра во групата Б.
<<< - ПОВРЗАНО - Ждрепка за ЛШ: Вардар налета на ривали од Франција, Германија и Полска!
Форматот на натпреварувањето од оваа сезона се менува. По ново ќе играат 24 екипи поделени во шест групи. Двете најдобропласирани од секоја група одат понатаму во главната фаза, додека третите и четвртите продолжуваат во Европската лига на ЕХФ.
Во главната фаза дванаесетте најдобри ќе се поделени во две групи со по шест екипи. Најдобрите четири од овие групи одат во четвртфиналето, додека двете петтопласирани екипи ќе продолжат во осминафиналето на Европската лига.
Потоа веќе сè е јасно, се играат четвртфинални двомечи и победниците одат на завршниот турнир во „Ланксес Арената“.
