• Мартин Танасковски

Норвешка и Шпанија го одиграа најдобриот меч на овој Мундијал, а може и на останатите. До последните секунди од мечот скандинавскиот тим имаше предност, дури имаше и напад, но „фуријата“ успеа да постигне гол.
Погодокот за реми го даде Дани Душебаев, по аматерска грешка на Норвежаните во нападот. Цела Европа остана во шок од неискусниот потег на еден од фаворитите за медал на ова СП 2023.
Имаше 19 секунди до крајот, а Норвешка тргна во напад. Ја чуваа топката, а откако судиите кренаа рака за пасивен напад, наместо завршница, ракометарите одлучија уште да ја чуваат топката. И така судиите им ја одзедоа, Шпанците преку брза транзиција дојдоа до голот и Душебаев погоди за реми.
Потоа, по четири продолженија, Шпанија се избори за полуфинале.