Еурофарм заедно со Хановер, Татабања и Нексе во групата на ЕХФ Купот

Денес во Виена беа извлечени групите на ЕХФ Купот, натпреварување во кое нашата земја ја претставува Еурофарм Работник. Битолчани ќе бидат дел од групата Б заедно со бундеслигашот Хановер, унгарска Татабања и Нексе Нашице од Хрватска.

А група: Фуксе Берлин, Натурхаус Ла Риоха, Сант Рафаел, Балатонфуреди
Б група: Хановер, Татабања, Еурофарм Работник, Нексе Нашице
Ц група: Порто, Холстебро, Куенка, Доброгеа Суд Констанца
Д група: Грањолерс, Азови Пулави, Кил, ГОГ Гудме

ЕХФ наскоро ќе го објави календарот на натпревари. Натпреварувањето започнува на 9 февруари, а само најдобрите од секоја група ќе се најде на завршниот турнир. Титулата ќе се добие на Ф4 во Магдебург на 19 и 20 мај 2019 година.