Еурофарм Работник со рутинска победа над Борец

Ракометарите на Еурофарм Работник очекувано славеа на гостувањето кај Борец во Велес со 21-27 во вториот натпревар од првото пролетно коло. По елиминацијата од Челинџ Купот, избраниците на Илија Темелковски ќе се посветат на домашните обврски во Суперлигата и во Купот, а првата задача беше решена без многу мака. 

Иако Борец во паузата се засили со неколку проверени суперлигашки играчи и уште неколк прволигашки имиња, сепак се држеше само во првите пет минути, 2-2. Потоа се беше „веќе видено“ и битолчани ја билдаа разликата. 

До полувреме беше 7-16, а во вториот дел тренерот Темелковски им даде шанса на сите ракометари, па домашните успеаја малку да намалат од негативата и мечот заврши со пристојна разлика, 21-27.

Најефикасни во побеничкиот тим беа Пецаковски со осум голови, Гоце Ојлески даде шест, додека Игор Трајковски четири пати се запиша во листата на стрелци. Кај домаќинот, искусниот Лазаревски беше најпрецизен со седум погодоци.