Еурофарм Работник раскина со Дрогришки, Пелистер загреан да го доведе

Лидерот на суперлигашката табела Еурофарм Работник денес ја раскина соработката со потенцијаниот репрезенативец Стефан Дрогришки. Средниот бек дојде во клубот од Битола од Металург пред една сезона, но под палката на новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ не доби шанса.

„РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека денес спогодбено ја прекина соработката со Стефан Дрогришки. Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на Стефан за сите досегашни заеднички мигови и да му посакаме многу успех во понатамошната спортска кариера“, стои во клупското соопштение.

Нескриен интерес за услугите на Дрогришки покажува неговиот матичен клуб Пелистер, каде што битолчанецот би нашол место во тимот на Јошко Петковиќ.