Еурофарм Работник пристигна во Литванија, за вечерва Темелковски закажа тренинг

Делегацијата на Еурофарм Работник со авионски лет преку Виена до Вилњус, па со автобус до Каунас, пристигна во главниот град на Литванија, каде утре од 16.00 часот по средно европско време ќе го одигра возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот против домашната екипа, Гранитас Каунас.

Избраниците на Илија Темелковски имаа цела една недела да го подготват реваншот и целосно да го скенираат противникот. По 28-24 на првиот дуел во спортската сала „Младост“, битолчани веруваат дека ќе одиграат добар меч во континуитет, а не само по неколку минути како минататата сабота.

Сите ракометари се здрави и ќе му се стават на располагање на тренерот Темелковски. Вечерва „фармацевтите“ ќе тренираат во малата сала во Каунас, а за утре изутрина закажан е техничкиот состанок.

Ако го минат литванскиот претставник, ракометарите на Еурофарм Работник во вторник ќе го чекаат противникот за осминафиналето напролет, а во среда во Охрид ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 11. коло на Суперлигата.