Еурофарм Работник лесно се справи со младите вардарци

Лидерот во македонската Суперлига, екипата на Еурофарм Работник, одигра нов доминантен натпревар и во СЦ „Јане Сандански“ со 39-30 (24-15) славеше над Вардар Јуниор.

  • Погледнете го целиот натпревар меѓу Еурофарм Работник и Вардар Јуниор: 

Македонскиот претставник во ЕХФ-купот беше далеку подобар ривал на паркетот, а искуството исплива на површина кога беше најпотребно. Во ниту еден момент од мечот, тимот на Алушовски не се мачеше да дојде до победата и диктираше темпо на игра цела средба.

Неизвесно беше само на стартот, кога на семафорот стоеше 9-8. Потоа Еурофарм се одлепи на 13-9, водеше и со 24-14, прва двоцифрена предност на средбата, а високата позитива ја одржуваше константно и по паузата. На десет минути пред крајот, резултатот гласеше 30-20, за до сирената за крај, Вардар Јуниор да го намали поразот на едноцифрена разлика (39-30).

Најдобри стрелци кај битолчани беа Ѓукиќ со девет и Крстевски со седум погодоци, додека кај Вардар Јуниор се истакна Кукуловски со десет гола.

За Еурофарм Работник ова беше 17-та победа по 18 одиграни кола. Вардар Јуниор, пак, го доживеа четиринаесеттиот пораз.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4