Еурофарм Работник го замрзна Борец на -23, Пролет го совлада Радовиш

Ракометарите на Еурофарм Работник запишаа планирани три бода во рамките на 7. коло од Суперлигата, откако на гостувањето во Велес го совладаа тимот на ГРК Борец со убедливи 18-41 (10-18).

„Фармацевтите“ од самиот почеток на натпреварот само ја зголемуваа разликата, која на одмор достигна до +8 (10-18). Во вториот дел ракометарите на Борец беа уште понемоќни, па гостите преку расположените Ивановиќ и Кузмановски го „полнеа“ домашниот гол за конечна победа од 18-41.

Најефикасен кај тимот на Еурофарм беше Никола Ивановиќ со десет гола, Филип Кузмановски запиша шест погодоци, а Чурлевски и Талевски застанаа на пет гола. Кај тимот на Борец, Борис Илиевски беше најефикасен со шсст гола.

Ракометарите на Пролет 62, во ефикасен натпревар, славеа гостинска победа против Радовиш со 32-37. Гостите од Скопје имаа предност во поголемиот дел од натпреварот и на крајот сосема заслужено со победа се враќаат од Радовиш.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Ласко Андоовски со девет гола, додека 13 на мечот запиша ракометарот на Радовиш, Ивица Илиев.