• Иван Димовски

Ракометниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер предизвика огромен скандал, прекин и вистинска драма. Полемиките не запираат и неколку дена по дербито, многумина сметаат дека организаторот треба да биде казнет, а реакција од Ракометната федерација на Македонија и домаќинот Вардар, сè уште се чека.
Еурофарм Пелистер ја објави официјалната изјава и мислење во врска со записникот од делегатот. Во дописот до Натпреварувачката комисија при РФМ, битолчани ги наведоа сериозните пропусти на организаторот и својот став за истите.
Во извештајот е наведено дека голманот Урбан Лесјак бил погоден со паричка, а тоа не е запишано во записникот. Покрај тоа, стои поплака за слабото обезбедување пред преполната трибина на „Комити“ кои беа веднаш зад голот. Се споменува физички контакт на навивачите и еден член од стручниот штаб, анализа зошто натпреварот е продолжен, а се повикува и Вардар 1961 што не се изјаснил јавно против насилството.
Соопштението на Еурофарм Пелистер ви го пренесуваме во целост:


