Еурофарм Пелистер во третиот, а Металург во шестиот шешир во ждрепката за ЕЛ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја најави ждрепката за првото издание на Европската лига, која ќе се одржи утре со почеток од 11:00 часот. Македонија ќе има два претставници, бидејќи Еурофарм Пелистер директно доби место во групите, а Металург мораше преку квалификациите да заслужи место меѓу најдобрите тимови во овој Куп.

Очекувано, битолскиот колектив доби повисока позиција во шеширите пред ждрепката и се најде во третиот, а Металург се најде во последниот, шести бидејќи како квалификант влегува во натпреварувањето. 

  • Шешири за ждрепката пред Европската лига:

Прв шешир: Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања
Втор шешир: Висла Плок, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Алингсас
Трет шешир: Еурофарм Пелистер, Чеховски Медведи, Татран Прешов, Бешикташ
Четврти шешир: Тулуз, Монпеље, Фуксе Берлин, Рајн Некар Левен
Петти шешир: Фиверс, Нексе Нашице, ГОГ Гудме, Спортинг Лисабон
Шести шешир: Металург, Тримо Требње, Кристианстад, ЦСКА

Тимовите ќе се натпреваруваат во четири групи по шест екипи, па така екипа од секој шешир ќе добива место во една од групите. Очекувано, пред ждрепката има одредени ограничувања, па македонските тимови не смеат да играат меѓусебе.

Во групната фаза од Европската лига ќе се играат десет кола, по кои по четири најдобри тимови ќе добијат место во осминафиналето, додека последнопласираните две екипи ќе бидат елиминирани. Средбите од првото коло се планирани за 20 октомври.

Најнови вести од
Европска лига (М)