Еурофарм Пелистер во прв шешир на ЕЛ, Охрид не доби „вајлд-карта“

Македонскиот ракомет ќе има еден претставник во групната фаза на Европската лига на ЕХФ во сезоната 2026/27, а тоа ќе биде Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб ќе ја дочека ждрепката, која е закажана за 17 јули, од првиот шешир, што значи дека ќе биде меѓу носителите во извлекувањето на групите.

Иако ГРК Охрид бараше „вајлд-карта“ да игра во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, на крајот не ја доби, иако очекуваше такво нешто, па Македонија ќе има еден претставник во името на битолчани. Покрај Еурофарм Пелистер, во првиот шешир се наоѓаат и Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа Ирун, што значи дека македонскиот шампион ќе ги избегне овие силни ривали во групната фаза.

Во групната фаза ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Првопласираните и второпласираните тимови ќе обезбедат место во елиминациската фаза, а првото коло е предвидено за 29 и 30 септември. При ждрепката ќе важи и стандардното правило на Европската ракометна федерација, според кое две екипи од иста држава не можат да бидат извлечени во иста група.

  • Шешири за ждрепката во Европската лига на ЕХФ:

Прв шешир: Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Еурофарм Пелистер, Бенфика, Бидасоа Ирун.

Втор шешир: Валур, Шафхаузен, Елверум, Лимож, Карвина, Гранољерс, Татран Прешов, Гумерсбах.

Трет шешир: Сесвете, Хафнарфјордур, Бузау, Сен Рафаел, Слован, Шамбери, Торелавега, Ла Риоха.

Четврти шешир: ЦСМ Букурешт, Маритимо, Агуаш Сантас, Морс, Бергишер, Холстебро, Гдањск, Хамарби.