Еурофарм Пелистер во полн состав, Загреб без најдобриот ракометар!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат последниот натпревар од есенскиот дел од Лигата на шампионите. Пелистерци ќе бркаат нови бодови на жешкиот терен во Загреб.

Тренерот Рубен Гарабаја конечно ќе може да смета на сите ракометари, ако не се земе предвид крилото Цветан Кузманоски кој подолго време е повреден. Во Битола остана само кружниот напаѓач Валид, а одново предност доби младиот Самоил Ристевски. На спротивната страна, пак, во составот на искусниот стратег Ненад Шоштариќ го нема најдобриот ракометар Ловре Кларица, како и искусниот Игор Карачиќ.

  • Составите за натпреварот Загреб – Еурофарм Пелистер:


На првиот натпревар во Битола победа извојува македонскиот шампион. Средбата во Загреб започнува од 18:45 часот.