Еурофарм Пелистер во полн состав крои тактика за Вардар во Маврово

Екипата на Еурофарм Пелистер замина за Маврово каде ќе крои тактика за дерби-пресметката против Вардар 1961 закажана во Скопје во рамки на плеј-офот од Суперлигата.

Ова е првата битка за домашната титула на фаворитите, па затоа Еурофарм Пелистер замина во карантински подготовки кои ќе траат два дена. Пелистерци 48 часа ќе бидат во Маврово каде ќе прават тактика за дербито, па ќе заминат директно за Скопје.

Јовиќ и Шундовски на располагање го имаат целиот ростер. Ќе недостасува само Руди Сери кој е повреден и кој нема да може да им помогне на „зелените“. Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е закажан во недела од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

И двете екипи досега се перфектни во плеј-офот, имаат по четири победи на четири средби.