Еурофарм Пелистер утре ќе ги пушти во продажба билетите за првиот меч во ЛШ

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер ќе ја започне европската авантура со натпреварот против Загреб в среда. 

За таа цел од редовите на шампионот известија дека од утре (сабота) во 10:00 часот започнува продажбата на билетите за оваа средба. Според најавите од претходно, цената на билетите ќе биде 450 за страничните и 550 денари за централните делови на двете трибини. 

Пелистерци во добар ритам го дочекуваат стартот на сезоната во елитното европско натпреварување. По победата над Вардар во Суперкупот и триумфот на стартот на првенството со Бутел, тимот на Гарабаја имаше доволно време да се подготви за следниот предизвик. 

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб се игра в среда во терминот од 20:45 часот.