Еурофарм Пелистер со Видомски и млад резервен голман против Висла во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе ѝ гостуваат на Висла во Плок во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак допатува во Полска со неколку проблеми, а главниот беше на голманската позиција. Од претходно е повреден новиот ирански голман Сеид Хаидаридар, но на дербито со Вардар се повреди и младиот Давид Брестовац.

Поради тоа тренерот Рубен Гарабаја освен Никола Митревски во Плок го поведе и младиот Јован Мацанковски кој има шанса да дебитира во европската елита. Освен него, први минути во Лигата на шампионите ќе чека и Андреј Видомски. Одамна надвор од комбинација се Ристевски и Кузманоски, а шпанскиот тренер ги изостави Цехте и Хаџиќ.

  • Состави за натпреварот во Плок:

Натпреварот меѓу Висла Плок и Еурофарм Пелистер се игра во терминот од 18:45 часот.

Најнови вести од
Лига на шампиони