• Саше Љолес

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го фрлија во заборав лошиот меч со Ла Риоха во Евролската лига и го совладаа Бутел Скопје на гостински терен (21-34) во натпреварот од петтото суперлигашко коло.
Избраниците на Лино Червар до триумфот стигнаа со далеку подобра игра во второто полувреме, кога ја создадоа и клучната предност. Бутел се обиде да се спротивстави, имаше само два гола негатива на паузата (12-14), но потоа немаше сили за поголемо изненадување.
- Комплетниот натпревар помеѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер:
За пелистерци ова е четврта победа во низа, по почетното реми со Охрид во првото коло. Најдобар поединец на денешниот натпревар беше Филип Кузмановски со осум голови, а на спротивната страна пет погодоци забележа Филип Михајловиќ.
Во следното коло, Бутел ќе го пречека Прилеп на домашен терен, а Еурофарм Пелистер во Битола ќе го нагости тимот на Куманово.







