Еурофарм Пелистер со млади сили ја прескокна првата Куп-пречка

Финалистот од минатата сезона, Еурофарм Пелистер лесно обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија. На три дена до европскиот натпревар во Атина против АЕК, Жељко Бабиќ заштеди половина екипа во победата од 40-13 против прволигашот Шампион,

  • Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Шампион:

Во ростерот на битолчани шанса добија неколку членови на младинската екипа и скоро сите максимално ја искористија шансата. Кукуловски и Костески го водеа младиот бран до убедливи 23-7 по првиот дел. Вториот дел донесе иста слика. Младите битолски сили до врв го наполнија голот на прволигашот и на крајот резултатот гласеше 40-13. 

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Кукуловски и Ристевски со по седум гола, додека кај Шампион се истакна Велјановски со пет погодоци. Битолчани следната недела гостуваат во Атина и Прилеп во следните предизвици во Европската лига и Суперлигата. 

Ракомет – Куп на Македонија (прво коло)
Еурофарм Пелистер – Шампион 40-13 (23-7)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Александар Ѓукоски и Александар Стефановски

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Маџовски 1, Кукуловски 7, Марковски 6, Танкоски, Ристевски 7, Периќ 1, Костески 5, Велковски, Југовски 4, Ризовски 4, Обрадовиќ, Гуцевски 2, Табоада 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

Шампион:
Канг 1, Велјановски 5, Миловановиќ 1, Мирчески 3, Дебрешлиоски 2, Сотировски, Иванов 1, Кочаров
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути