Еурофарм Пелистер со „50-ка“ обезбеди место на Куп-завршницата

Екипата на Еурофарм Пелистер запиша лесна победа над Радовиш (50-25) и се пласира на завршницата од ракометниот Куп на Македонија. Дуелот во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше егзибиција, сите ракомегари се запишаа меѓу стрелците, а одлични беа и гопманите Митревски и Брестовац. Околу 500 љубители на ракометот уживаа во разновидниот стил на игра на домаќините. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Радовиш:

Избраниците на Раул Алонсо добија два меча во еден ден и си ја завршија домашната задача во Битола. Евидентна беше разликата во квалитет, иако Еурофарм Пелистер комбинираше и ротираше на овој меч и шанса добија сите ракометари.

Најдобар стрелец кај победникот беше Павле Петровиќ со осум, пред Жарко Пешевски со седум гола, додека Дејан Манасков погоди шест пати. Кај Радовиш се истакна Антонио Сантос со седум гола.

Еурофарм Пелистер на завршницата му се приклучи на Вардар 1961.