• Горан Упале

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија првта зацртана цел во четвртфиналето од Купот на Македонија. Ланскиот финилист без многу проблеми и со половични сили го совлада составот на Куманово и в вечерва ќе игра финале за пласман во завршницата во најмасовното ракометно натпреварување во Македонија.
- Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Куманово:
Во салата „Боро Чурлевски“ битолчани уште од самиот старт му дадоа до знаење на гостите дека нема што да бараат на оваа средба и со сигурна игра во двата правци за краток период се одлепија резултатски и си создадоа позитива која што им обезбеди рутински втор дел. Со оглед на квалитетот на противникот и со цел да се сочуваат силите, Алекандар Јовиќ, новиот стратег на Еурофарм Пелистер, правеше чести ротации во составот, но тоа не се забележа на терен.
На полувреме пелистерци заминаа со позитива од пет гола (12-17), додека во вториот дел предноста само се зголемуваше. Во еден момент беше и +12 за „зелено-белите“, за на крај на семафорот да застане 21-33 за домашниот тим. Противник во финалето на пелистерци ќе биде подобриот од средбата меѓу Струга и Тиквеш.
Прв стрелец кај победничкиот тим беше Ненад Костески со седум гола, кај пелистерци еден помалку постигнаа Петар Атанасијевиќ, Суси, Хенеберг и Кузманоски, додека за Куманово се истакна новајлијата Ѓурашковиќ со шест гола.