Еурофарм Пелистер против Чеховски медведи во полуфиналето на „Купот на пријателството“

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе настапи на „Купот на пријателството“, турнир кој го организираат челниците на СЕХА лигата во отсуство на самото балканско првенство. 

Противник на пелистерци во полуфиналната фаза на турнирот во Болу ќе им биде рускиот гигант Чеховски Медведи. Подобриот од овој натпревар ќе се судри со победникот од второто полуфинале меѓу Мешков Брест и АЕК Атина

Еурофарм Пелистер ќе се судри со Русите в петок во 16:00 часот, а два часа подоцна играат Белорусите и Грците. 

И минатата сезона пелистерци беа дел од „Купот на пријателството“, но го завршија настапот со два порази и четврто место. Во Турција битолчани патуваат во добра атмосфера откако вчера го освоија пехарот на Струшкиот турнир.