Еурофарм Пелистер поуспешен од КЛ7 во првиот зимски „тест“

По подготовките во Битола, македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денес го одигра првиот контролен натпревар. Избраниците на новиот стратег Жељко Бабиќ за прв противник го имаа амбициозниот прволигаш КЛ7, против кoj извојуваа сигурна победа од 29-22. 

Во отсуство на репрезентативците кои учествуваа на Европското првенство во Шведска, Австрија и Норвешка, хрватскиот тренер им даде шанса за докажување и на помладите и за првпат се соочи со квалитетите на својот тим. 

На другата страна КЛ7 се покажа како достоен и рамноправен противник, кој долго време играше рамо до рамо со битолскиот суперлигаш, но на крај немаше сили за изненадување и запиша пораз од седум гола. 

За два дена со почеток од 18:00 часот двете екипи повторно ќе се сретнат во СЦ „Борис Трајковски“.