Еурофарм Пелистер потпиша со уште еден Данец, нов кружен напаѓач доаѓа во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер донесе ново име во својата екипа и потпиша со ракометар од Данска. Нов член на македонскиот првак е Андреас Јохан Нилсен, 25-годишен пивот кој доаѓа од данскиот ракометен шампионат

Пред да потпише со „зелените“ од Битола, пивотот го носеше дресот на Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим. 

„Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека кон своето спортско семејство приклучи нов член. Нашата мала данска колонија ќе биде побогата за уште еден ракометар. 

Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.

Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер“, велат од Еурофарм Пелистер.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола. Пред Нилсен, договорот со пелистерци го продолжи и Каспер Кисум.