Еурофарм Пелистер потклекна пред „плинарите“ по одличниот прв дел 

Со пораз од првакот на Хрватска, ППД Загреб, воден од поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија подготовките во Загреб. Со одлично прво и нешто послабо второ полувреме момците на Бабиќ загубија со 31-26, во дуел кој наликуваше на ланскиот подготвителен натпревар во главниот град на Хрватска.

Првиот дел на пелистерци беше перфектен, посебно во играта во нападот, но во продолжението до израз дојдоа Кавчиќ, Давид Мандиќ и Матановиќ и „плинарите“ стигнаа до победа. Овој дуел е најава за двата натпревари во групата А на СЕХА Гаспром лигата.

Пријателски натпревар:
ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 31-26 (14-16)

Спортска сала „Трешњевка“ - Загреб
Судии: Хрвоје Чачиќ и Франо Јосиќ (Хрватска)

ППД Загреб:
Леиметер 1, Граховац 1, Чавар 3, Д. Мандиќ 5, Фаљиќ, Кларица 3, Славиќ, Клиш 3, Краљевиќ 1, Муса 1, Сиротиќ, Матановиќ 5, Равниќ, Кавчиќ 6, М. Мандиќ, Обрановиќ 2
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески 3, Кукуловски, Павле  Атанасијевиќ, Кузманоски 2, Танкоски 1, Периќ 2, Костески 3, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 5, Мараш 4, Граџан 1, Обрадовиќ 1, Табоада 4, Арсеновски
Седмерци: 3/0
Исклучувања: /

Вечерва делегацијата на Еурофарм Пелистер се враќа во Битола и ќе го подготвува првиот пролетен натпревар во Суперлигата, против Охрид на трети фебруари во спортската сала „Боро Чурлевски“.