• Редакција Gol.mk
Македонскиот шампион, битолски Еурофарм Пелистер, доби покана втора година по ред да настапи на СЕХА турнирот - „Куп на пријателството“. Овој дводневен турнир пак ќе се одржи во Турција, а учесниците ќе се знаат деновиве.
Победникот на јужната група на СЕХА, Мешков Брест од Белорусија е сигурен учесник, а битолчани веројатно ќе ја прифатат поканата, бидејќи турнирот им е добредојден во подготвителниот период и термините (23 и 24 август) се помеѓу Струшкиот турнир и ТВ-турнирот на шампионите во Добој. Останатите два учесници ќе се знаат деновиве.
„Купот на пријателството“ треба да се игра во градот Болу, и тоа по принцип на полуфинални и финални натпревари. Минатата година овој турнир се играше во градот Сакарија, а пелистерци загубија го освоија четвртото место, откако засгубија од Веспрем во полуфиналето и од Војводина во натпреварот за третото место.