• Иван Димовски
Еурофарм Пелистер е казнат парично од страна на Европската ракометна федерација - ЕХФ.
Станува збор за санкција поради однесувањето на навивачите за време на натпреварот меѓу македонскиот првак и данска Фредериција. ЕХФ објасни дека нема никаква толеранција за расизмот и недоличното навивање од трибините, какво што беше забележано за време на мечот. Дури неколку минути имаше и прекин во кој официјалниот спикер ја опомена публиката.
Казната за Еурофарм Пелистер е во висина од 6.000 евра. Покрај тоа, постои уште 1.000 евра условна казна, која клубот би ја платил ако во следните две сезони одново се случи таков настан.