Еурофарм Пелистер ќе игра во новата сезона на Лигата на шампионите!

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за новата сезона од Лигата на шампионите, потврди Европската куќа на ракометот (ЕХФ). Така, втора година по ред ќе се игра елитен ракомет во Битола.

Пелистерци како шампиони на Македонија поднесоа барање за настап во најквалитетното друштво затоа што ранкингот на нашата земја падна на ЕХФ-листата, па од куќата на ракометот решија да го прифатат барањето.

Заедно со Еурофарм Пелистер, „вајлд-карти“ добија уште Загреб, Нант, ПИК Сегед, Киелце и Динамо Букурешт. Од Данска, „вајлд-карта“ доби екипата на Фредериција.

Одбиени се барањата на Елверум, Порто, Татран Прешов, Бидасоа Ирун и Шафхаузен. Оние чии барање не се одобрени ќе играат во Европската лига на ЕХФ.