Еурофарм Пелистер ја распродаде салата за гостувањето на ПСЖ

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, се подготвува за уште една исклучително тешка задача во Лигата на шампионите. Битолчани овој пат ќе го пречекаат гигантот ПСЖ, а атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ повторно ќе биде исполнета до последното место. 

Од управата на „зелено-белите“ објавија дека сите влезници за мечот се распродадени и се очекува неколкуилјадн френетична поддршка за избраниците на Бранислав Ангеловски. 

Пелистерци влегуваат во тешкиот дуел мотивирани после триумфот над вечниот ривал, Вардар, а навивачите сигурно ќе очекуваат пожртвувана игра и максимално сериозен пристап, со надеж за евентуално изненадување и впишување на првиот бод во елитното натпреварување на ЕХФ. 

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ е закажан за утре, со почеток во 18:45 часот.