Еурофарм Пелистер и уште пет национални шампиони на 55. ракометен турнир во Добој

Меѓународниот ракометен турнир во Добој е на прагот. Оваа година публиката ќе ги проследи натпреварите од 55. издание, а таму учество ќе земе и македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер

Традиционалниот турнир во Добој ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а организаторите ќе нагостат осум квалитетни екипи, меѓу кои најзвучно име е унгарскиот гигант, Веспрем. Останатите клубови-учесници се Слога од БиХ, Ал Ахли од Египет, Татабања од Унгарија, Бешикташ од Турција, Загреб од Хрватска и Војводина од Србија.

Деталите за термините и датумите за натпреварите треба да бидат соопштени наскоро, но јасно е дека љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во мајсториите на врвни европски ѕвезди.