• Иван Димовски

Еурофарм Пелистер го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во сезоната 2026/27.
Битолчани ќе имаат нов изглед во натпреварувачката година во која ги очекуваат нови предизвици на домашната и европската сцена. Од клубот преку социјалните мрежи ги претставија новите дресови, кои ќе бидат препознатливи по традиционалните зелено-бели клупски бои.
По загубената шампионска титула во македонското првенство, Пелистер ќе се обиде да се врати на тронот, а ќе настапува и во Европската лига на ЕХФ.
Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона под водство на Лино Червар. Во следниот период тимот ќе биде посветен на тренинзи, а потоа ќе следуваат и тестовите пред стартот на сезоната.
