Еурофарм Пелистер ги доби ривалите и ја избегна „групата на смртта“ во ЛШ!

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) на церемонија ја изврши ждрепката за групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите во која Македонија ќе има еден претставник во името на првакот Еурофарм Пелистер.

„Зелените“ од Битола втора сезона по ред ќе играат во елитата, а ждрепката посака тие да се најдат во групата А во која нема ниту еден европски првак и е далеку полесна отколку групата Б каде заедно се повеќе гиганти. Домашните натпревари битолчани ќе ги играат во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Група А:
Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер

Група Б:
Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колштад

Новата сезона во ракометната елита ќе стартува во септември 2024 и ќе трае до Ф4-турнирот во јуни 2025 година. Еурофарм Пелистер ќе бара подобро издание од ланското, во кое забележа 14 порази на 14 одиграни натпревари и заедно со словенечки Целје беа на дното на групите.