„Еурофарм Пелистер е најопасен од бековските позиции, но верувам во победа“ 

По солидните партии во Струга и тринаесеттиот трофеј покрај езерото, Еурофарм Пелистер е пред првиот вистински предизвик. Во рамки од четвртфиналето во СЕХА лигата, во Битола гостува Мешков Брест, тим кој ова лето претрпе многу промени во играчкиот кадар, но секако не смее да се потцени.

Александр Падшивалау смета дека најголемата опасност за нив доаѓа од бековските позиции на битолскиот состав, но верува во пласман во Задар.

„Еурофарм Пелистер има многу добри играчи на бековските позиции како и одличен голман. Сигурно ќе биде интересен натпревар, со нетрпение го очекувам.

Целта е да се фокусираме на нашата игра. Навистина верувам дека сме способни да стигнеме до Задар“, рече 26-годишниот ракометер на Мешков Брест.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра во „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:15 часот.