Еурофарм донира 50 кревети во клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Сите спортисти и спортски колективи донираат во изминатиот период, а трендот го продолжува компанијата Еурофарм, главен спонзор на Еурофарм Пелистер, којa реши да направи донација за потребите на Универзитетската инфективна клиника во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од таборот на битолчани велат дека потпишан е договор за набавка на 50 медицински кревети. Истите ќе пристигнат во најбрз можен рок и веднаш ќе бидат донирани во клиничкиот центар во Скопје. 

Еурофарм изразува благодарност и поддршка за здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа, како и желба и повик за истрајност до сите македонски граѓани заедно да се надамине и победи ковид 19.

Ракометниот шампионат на Македонија во моментов е во прекин, а Еурофарм Пелистер досега нема одиграно натпревари затоа што тимот требаше да се приклучи во втората фаза од натпреварувањето.