• Мартин Танасковски
Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од Загреб, а доби и уште едни лоши вести. Екипата на ГОГ Гудме направи сензација, победи на гостувањето кај Висла Плок (35-34) и така направи чекор напред кон следната фаза во елитата.
Данскиот тим до победата дојде со звукот на сирената. Стрелец на голот вреден злато беше Расмусен. Иако до крајот има уште четири кола, мисијата за Еурофарм Пелистер сега да дојде до нокаут-рунда е пеколно тешка, затоа што ГОГ има две победи повеќе.
Иако Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме имаат меѓусебен дуел во Данска, ривалите се на „плус два“. На шестото, последно место кое води во следната рунда е ПСЖ, кој го очекува меч со Загреб и во кој „светците“ важат за фаворити.
Еурофарм Пелистер во следното коло во Битола ја пречекува Висла Плок и се освен победа на овој меч ќе значи уште еден крупен чекор назад во борбата за осминафиналето во елитното друштво.
Покрај дуелите со Висла (дома) и ГОГ (гости), за Пелистер остануваат мечеви со ПСЖ (дома) и Барселона (гости).






