• Мартин Танасковски
Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза на Европската лига на ЕХФ, а на ждрепка ги доби ривалите во новата сезона 2026/27 која ќе стартува за два месеци.
„Зелените“ од Битола имаа статус на носители заради добриот коефициент на Македонија, а од првиот сад, ждрпката ги смести во групата Г каде ќе играат заедно со екипите на Гумерсбах и Ла Риоха, претставници на најсилните лиги во Европа, Германија и Шпанија, како и екипата на Гдањск од Полска.
Група А:
Нексе (Хрватска), Елверум (Норвешка), Сен Рафаел (Франција), Хамарби (Шведска)
Група Б:
Бидасоа Ирун (Шпанија), Лимож (Франција), Хафнафјердур (Исланд), Маритимо (Португалија)
Група Ц:
Извиѓач (БиХ), Шафхаузен (Швајцарија), Шамбери (Франција), ЦСМ Букурешт (Романија)
Група Д:
Савехоф (Шведска), Татран Прешов (Словачка), Сесвете (Хрватска), Бергишер (Германија)
Група Е:
Фленсбург (Германија), Гранољерс (Шпанија), Бузау (Романија), Агуаш Санташ (Португалија)
Група Ф:
Бенфика (Португалија), Карвина (Чешка), Тораловега (Шпанија), Холстебро (Данска)
Група Г:
Еурофарм Пелистер (Македонија), Гумерсбах (Германија), Ла Риоха (Шпанија), Гдањск (Полска)
Група Х:
Татабања (Унгарија), Валур (Исланд), Слован (Словенија), Морс-Ти (Данска)
Европската лига започнува во септември со нов формат, кој се очекува да донесе уште повеќе возбудувања на ракометните терени низ пет фази: групна фаза, плеј-оф, осминафинале, четвртфинале и Ф4-турнир. Вкупно 32 екипи играат во групната фаза, во шест кола, од 29 септември до 2 декември.
Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група ќе обезбедат место во плеј-офот, каде што ќе им се приклучат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите. Вкупно 28 екипи ќе играат во плеј-офот, кој ќе се игра во два натпревари (дома и гости). Првите натпревари се закажани за 9 и 16 февруари 2027 година, а реваншите ќе се одиграат на 23 февруари и 2 март 2027 година.
Победниците од секој плеј-оф двомеч, заедно со петтопласираните клубови од главната рунда на Лигата на шампионите, ќе обезбедат пласман во осминафиналето, каде што првите натпревари ќе се играат на 23 март, а реваншите на 30 март 2027 година. Осум екипи ќе се пласираат во четвртфиналето, кое ќе се игра на 20–21 и 27–28 април 2027 година, а кулминацијата на сезоната ќе биде на 22 и 23 мај 2027 година, кога четирите преостанати екипи ќе настапат на завршниот турнир во борба за шампионскиот трофеј.




