• Саше Љолес
Амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, ги посети ракометарите на Еурофарм Пелистер пред натпреварот со Загреб, посакувајќи им среќа и успех на нашите ракометни шампиони.
Избраниците на тренерот Рубен Гарабаја ќе имаат тешка мисија, но се надеваат дека можат да ја остварат третата победа во Лигата на шампионите, која ќе им ги зголеми шансите за прогрес во нокаут-фазата.
Натпреварот помеѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на трети декември, со почеток во 18:45 часот.







