Еурофарм Пелистер без Манасков во Лисабон

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го игра првиот натпревар од Лигата на шампионите оваа година. Противник е Спортинг од Лисабон, а познати се составите.

Во тимот на „зелените“ ќе го нема повредениот Нејц Цехте, како и Дејан Манасков кој не е во ростерот. Младиот Алем Хаџиќ ќе го менува Словенецот во екипата на овој натпревар.

Дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер стартува од 20:45 часот.