Еурофарм Пелистер без еден од најдобрите против Магдебург

Еурофарм Пелистер ќе го предизвика Магдебург во шестото коло на ракометната Лига на шампиони. 

Дуелот со германскиот гигант и европски првак ќе биде тежок за пелистерци, а тренерот Рубен Гарабаја има и дополнителни главоболки.

За мечот против Германците нема да може да смета на услугите на Ник Хенигман поради ситна повреда. Словенецот беше еден од најдобрите играчи на битолчани во последниот меч со Барселона, па отсуството може да биде проблематично. Добра вест за пелистерци е враќањето на младиот голман Давид Брестовац кој ќе биде поддршка за ветеранот Никола Митревски. 

  • Состави за натпреварот:

Средбата во Германија меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер е закажана за вечерва во терминот од 20:45 часот.